0_Македонија.ПорталОпштински вестиСкопје

Населбата Црниче доби ново детско игралиште

Општина Кисела Вода привршува со работните активности за изградба на ново детско игралиште во населбата Црниче. 

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода привршува со работните активности за изградба на ново детско игралиште во населбата Црниче.

И во периодот што следува, велат од Општината, активностите за безгрижно и среќно детство во Кисела Вода ќе продолжат.

– Локалната самоуправа се надева дека наскоро, само со строго почитување на препораките кои ги даваат инфектолозите, вирусот Ковид-19 ќе биде победен и повторно детските игралишта ќе бидат полни со деца, наведуваат од Општина Кисела Вода. мс/са/

Back to top button
Close
Close