Дописници СветСветСвет.Портал

НАСА избра три компании за испраќање на човек на Месечината

Националната аеронаутичка вселенска агенција (НАСА) избра три компании кои ќе се занимаваат со развој на вселенски сонди за првото спуштање на луѓе на Месечината по 1972 година, соопшти денеска агенцијата.

Вашингтон, 30 април 2020 (МИА) – Националната аеронаутичка вселенска агенција (НАСА) избра три компании кои ќе се занимаваат со развој на вселенски сонди за првото спуштање на луѓе на Месечината по 1972 година, соопшти денеска агенцијата.

Тендерот за избор на компании е во рамки на програмата „Артемида“, контракт е склучен со компаниите Blue Origin, SpaceX и Dynetics.

SpaceX е компанија на Илон Маск која развива повеќенаменски вселенски брод Starship со способност да се спушти на Месечината и да полета од нејзината површина. Blue Origin е во сопственост на Џеф Безос и развива лунарна сонда за достава на луѓе, залихи и транспортни средства. Dynetics создаде двоетапен систем за спуштање и качување на луѓе на Месечината.

Во НАСА планираат една од избраните компаниите до 2024 година да испрати на Месечината неколку космонаути, меѓу кои ќе биде и првата жена во историјата.

Раководителот на НАСА, Џим Брајденстајн, за Вашингтон пост изјави дека е убеден дека агенцијата ќе успее со реализација на мисијата во предвидениот рок, и покрај тоа што првиот лет во вселената на ракетата Space Launch System на Boeing што треба да испрати космонаути на Месечината, повторно е одложен, овој пат до 2021 година.

Според него, спуштањето на Месечината „започнува да изгледа се пореално“. кб/

Таг
Back to top button
Close
Close