0_Магазин.ПорталАвтомобили

НАСА го одбира теренското возило за Месечината

Рокот за пријава на конкурсот е 6 март, а неколку дена подоцна ќе биде објавено кој конструктор го има најповолниот предлог за автомобил.

Хјустон, 13 февруари 2020 (МИА) – НАСА објави дека е во потрага по план, концепт и конструктор за теренско возило што ќе биде испратено на Месечината.

„Вселенската агенција е во потрага по концепт за роботски движечки систем преку кој може да се превезуваат инструменти на Месечината, во полза на научните истражувања на нејзината територија, вклучително и области надвор од пристапот на човекот, како што е Северниот Пол (на Месечината)“, се вели во објавата.

Рокот за пријава на конкурсот е 6 март, а неколку дена подоцна ќе биде објавено кој конструктор го има најповолниот предлог за автомобил.

– Бараме понуди од автомобилската индустрија, за теренски возила, за електромобили, но и вселенската индустрија не е исклучена. Бараме ровер за на Месечината, што ќе биде електричен, самоуправувачки и отпорен на екстремно опкружување, нагласи Маршал Смит, раководител на програмата за претстојната мисија на Месечината која ќе вклучува човечки екипаж.

Поусовршената подвижност на Месечината е дел од програмата Артемис, чие реализирање е предвидено за 2040-тите. си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close