0_Магазин.ПорталНаука и технологија

НАСА ќе купува Месечев прав од приватните компании

Целта на кампањата е и поддршка на идните астронаутски мисии на Месечината.

Хјустон, 11 септември 2020 (МИА) – НАСА објави дека ќе почне кампања за купување камења, прав, песок и други материи од Месечината, од приватните компании, кои имаат свои мисии таму.

Американската Национална воздушно-вселенска агенција би го купила сѐ тоа за да го користи во истражувања. Целта на кампањата е и, како што се наведува – поддршка на идните астронаутски мисии на Месечината.

Како дел од програмата „Артемис“, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да прати човек на Месечината до 2024 година. си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close