Дописници МКДОпштински вести

Народниот театар од Охрид в среда премиерно ќе ја изведе претставата „Крик за љубов“

Феноменот наречен „Театар“, колку театарот е живот, а колку пак животот е театар, постои ли граница помеѓу нив и како тие се испреплетуваат и преливаат еден во друг. Така режисерот Љупчо Ѓоргиевски ја опишува најновата претстава „Крик за љубов“ на Народниот театар од Охрид чија премиера е закажана за 16 овој месец.

Охрид, 13 јуни 2021 (МИА) – Феноменот наречен „Театар“, колку театарот е живот, а колку пак животот е театар, постои ли граница помеѓу нив и како тие се испреплетуваат и преливаат еден во друг. Така режисерот Љупчо Ѓоргиевски ја опишува најновата претстава „Крик за љубов“ на Народниот театар од Охрид чија премиера е закажана за 16 овој месец.

Претставата „Крик за љубов“ е „комедија на карактери“ натопена во љубовна приказна со романтичен крај. Текстот обработува две доминантни теми – театарот и љубовта. Имено, двајца актери, поранешни сопружници, ангажирани се во претстава да играат ликови на исто така двајца поранешни сопружници.

„Накратко, тоа е претстава за она што се случува пред претставата односно за време на процесот на подготовка на една претстава, од распределбата на улогите, преку првата проба, до костумската проба и самата премиера. Имено, се врши едно прецизно скенирање на типичните ситуации и карактери во театарот, како што се: актерите, режисерот, продуцентот и другиот помошен персонал во процесот на создавање претстава“, вели режисерот Ѓоргиевски.

За премиерната изведба на претставата е резервирана Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20 часот.

Инаку, претставата е работена според дело на Жозиен Баласко, а улогите ги толкуваат Адријана Билаловиќ – Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографија на Андреј Ѓоргиевски.

Билетите за претставата се во продажба, а настанот се одржува согласно здравствените протоколи со ограничен број публика. аб/ир

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close