ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Наришкин: Русија нема складиран новичок, магацините се уништени

Шефот на руската Надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин изјави дека Москва нема складиран „новичок“, агенс со кој, според Германија, рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен.

Москва, 15 септември 2020 (МИА)Шефот на руската Надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин изјави дека Москва нема складиран „новичок“, агенс со кој, според Германија, рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен.

– Магацините со новичок беа уништени во согласност со протоколот и прописите на Организацијата за забрана на хемиско оружје, рече Наришкин, додавајќи дека сите други тврдења се „дезинформации“.

Според руските агенции, Наришкин исто така посочил дека „немало токсична супстанца во телото на Навални кога тој ја напуштил руската територија“, оценувајќи дека Русија „има многу прашања за германската страна во врска со тоа“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека Москва не добила од Берлин здравствени податоци за опозицискиот лидер Навални.

Навални, кој разоткри корупција во врвот на Русија, беше примен на одделот за интензивна нега во болницата во Омск на 20 август, откако наеднаш му се слоши.

Два дена подоцна, тој беше префрлен во Германија, каде што лекарите заклучиле дека бил отруен со нервниот агенс „новичок“, кој датира од времето на Советскиот Сојуз.

Руските власти во неколку наврати негираа вмешаност во случајот.

Навални денеска објави фотографија и порака на Инстаграм, во која наведува дека може да дише без респиратор цел ден. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close