Дописници МКДОпштински вести

„Напредни лозари” ја поддржува иницијативата на „Ековита” против депонија во Неготино

Регионалното здружение „Напредни лозари” ја поддржува иницијативата на граѓанското здружение „Ековита” од Неготино за одржување референдум против изградба на депонија близу неготинското село Пепелиште.

Неготино, 3 јануари 2020 (МИА) – Регионалното здружение „Напредни лозари” ја поддржува иницијативата на граѓанското здружение „Ековита” од Неготино за одржување референдум против изградба на депонија близу неготинското село Пепелиште.

-Ги поддржуваме во заложбите против изградба на депонија зашто тквешкиот регион е познат како добар лозаровинарски крај. Се плашиме дека евентуална изградба на депонија може да има негативни последици врз лозаровинарството. Се залагаме за чиста животна средина и органско производство, рече денеска претседателот на здружението, Трајче Кулев.

Претседателот на „Ековита”, Сашко Тодоров нагласи дека продолжува собирањето 3.200 потписи, по што ќе следува референдум по ова прашање.

-Досега имаме собрано 2.800 потписи и сигурни сме дека ќе го собереме потребниот број, по што ќе одиме на референдум. Целта е никогаш овде да не се гради таков објект. Велат дека се работи за инертен индустриски неопасен отпад, но ние се сомневаме во тоа, стравуваме за здравјето и животната средина, нагласи Тодоров. свд/мч/

Back to top button
Close
Close