0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.Портал

„Направи Selfie со твојата омилена книга“ – кампања на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола

Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола започна јавна кампања „Направи Selfie со твојата омилена книга“. Станува збор за нова, иновативна програма, креирана за редовните членови, но, и за привлекување на нови читатели во бибилиотеката.

Битола, 14 јануари 2021 (МИА)Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола започна јавна кампања „Направи Selfie со твојата омилена книга“. Станува збор за нова, иновативна програма, креирана за редовните членови, но и за привлекување на нови читатели во бибилиотеката.

Секој читател е уникатен во креирањето навики и ритуали, додека ја чита својата омилена книга. Нашата желба е низ фотографија да ги откриеме омилените места за читање на секој читател во текот на денот, како изгледа дружењето со книгата која во моментот се чита, како и други интересни моменти и навики кои преку фотографија треба да се испраќаат на е-адреса на библиотеката nuub.bitola@gmail.com. Најуспешните фотографии ќе бидат објавени на веб страницата на библиотеката, а авторите бесплатно ќе добијат едногодишна членарина, посочуваат од НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола

Во текот на празничните денови, секторот за изнајмување книги на читателите им помага во изборот на книга за читање, кој како пракса е општоприфатлив за членовите.

Секоја книга има своја приказна, а ние на читателите им ги предожуваме Чарлс Дикенс и неговата Штурец на огништето, петта од неговите познати т.н. Божиќни книги, топла бајка за домашното огниште, со идилична слика за семејната љубов и соседското пријателство, со добра композиција и вешт расплет. Потоа книгата „Се започна со бакнеж“ од Миранда Дикинсон или „Нека снежи“ од Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл, книга за најстрашната виулица во последните педесет години, препорачуваат од библиотеката.

Од информациите што ги добивме, дознаваме дека битолчани во овој период покажале интерес и за делата „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски, „Повикот на кукавицата“ од Роберт Галбрајт, „Свекрва од Сели Хепворд и многу други наслови. мт/ар/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close