0_Спорт.ПорталФудбал

Наполи за Кулибали бара 150 милиони евра

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи ја одреди сумата за обештетување во случај на предвремен раскин на договорот на дефанзивецот Калиду Кулибали.

Неапол, 9 февруари 2020 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи ја одреди сумата за обештетување во случај на предвремен раскин на договорот на дефанзивецот Калиду Кулибали.

Како што пренесува „Фудбал Италија“ опцијата за откуп на Кулибали е 150 милиони евра, ќе се активира во јуни 2020 година и ќе се однесува само за клубови кои не се од Италија.

Претходно, Манчестер јунајтед се обиде да го купи Кулибали, но Наполи ја одби понудата на англискиот премиерлигаш во износ од 106 милиони евра.

Оваа сезона Кулибали настапи на натпревари во Серија А за Наполи. Тој се опоравуваше од повредата на задниот дел на бутот шест недели и денеска се најде во стартниот состав на средбата со Лече. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close