0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Наполи врза три победи под водство на Гатузо

Наполи синоќа на гостински терен ја совлада Сампдорија со 4:2 во последниот дуел од 22-то коло од Серија А. Оваа победа беше трета по ред за неаполитанците под водство на тренерот Гатузо. Претходно, по неговото доаѓање на тренерската позиција, клубот изгуби четири од шест одиграни натпревари.

Џенова, 4 февруари 2020 (МИА) – Наполи синоќа на гостински терен ја совлада Сампдорија со 4:2 во последниот дуел од 22-то коло од Серија А. Оваа победа беше трета по ред за неаполитанците под водство на тренерот Гатузо. Претходно, по неговото доаѓање на тренерската позиција,  клубот изгуби четири од шест одиграни натпревари.

Сега билансот на тимот со Гатузо е пет победи и четири порази.

Наполи е на 9. место во Италијанското фудбалско првенство со 30 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close