0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Наполи воопшто не е мртов, категоричен е Гатузо

Сепак, следниот ривал на „неаполитанците“ е крајно непријатен - Лацио, кој е во најсилна форма од сите во првенството.

Неапол, 10 јануари 2020 (МИА) – Тимот на Наполи има остварено само една победа на нивните последни десет натпревари во Серија „А“, но тренерот Џенаро Гатузо е оптимист. По поразот од 1:3 од Интер во последното коло, тимот останува на 11 бода од четвртото место.

– Ако видов мртов тим, тогаш ќе излезев и ќе ви кажев. Напротив, забележувам голема желба кај играчите, но ни треба долга успешна серија за да скокнеме во пласманот. Овој клуб не заслужува да бидеме на оваа позиција (осми) затоа што имаме одлични играчи. Тие треба да влезат во најдобра форма и да им гарантираме спокојство, вели популарниот Рино.

Сепак, следниот ривал на „неаполитанците“ е крајно непријатен – Лацио, кој е во најсилна форма од сите во првенството.

– Мора да играме како целина и да правиме помалку грешки. На натпреварите против Парма и Интер ми се чинеше дека видов две различни екипи. Треба да започнеме со подобрување на нашата физичка подготвеност и да играме онака како што би сакал, додаде менторот.

Таг
Back to top button
Close
Close