0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Наполи прв полуфиналист во италијанскиот куп

Екипата на Наполи е првиот полуфиналист во фудбалскиот Куп на Италија, откако синоќа на домашен терен забележа победа над Лацио со 1:0.

Неапол, 22 јануари 2020 (МИА) – Екипата на Наполи е првиот полуфиналист во фудбалскиот Куп на Италија, откако синоќа на домашен терен забележа победа над Лацио со 1:0.

Клучнито момент на средбата се случи по само две минути кога Лоренцо Инсиње ја затресе мрежата на Лацио. Гостите од Рим пропуштија неколку убави шанси за израмнување.

Во победничката екипа од 67. минута настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Противник на Лацио во следната фаза ќе биде победникот одо дуелот Фиорентина – Интер. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close