0_Спорт.ПорталФудбал

Наполи победи за прв пат по 5 години со помалку од 35% посед

Екипата на Наполи синоќа го победи Реал Сосиедад на гостувањето во Шпанија со 1:0 во 2. коло од групната фаза во Лигата на Европа. Натпреварот го одбележа успехот на калчолигашот, иако имаше само 34% посед на топката.

Сан Себастијан, 30 октомври 2020 (МИА) – Екипата на Наполи синоќа го победи Реал Сосиедад на гостувањето во Шпанија со 1:0 во 2. коло од групната фаза во Лигата на Европа. Натпреварот го одбележа успехот на калчолигашот, иако имаше само 34% посед на топката.

Наполитанците победија за прв пат во повеќе од пет години во сите натпреварувања со помалку од 35% посед.

Последен пат тоа се случи во јануари 2015 година, на мечот од италијанската Серија А против Лацио кога на крајот исто така беше 1:0 за Наполи. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close