0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Наполи објави добра вест

Утре „наполитанците“ ќе направат уште еден тест за да откријат дали дербито со Јувентус ќе се одржи на крајот на оваа недела.

Неапол, 30 септември 2020 (МИА) – Наполи објави дека сите тестови за коронавирус на играчи и персонал биле негативни, откако нивниот противник во последното коло – Џенова објави дека имале 14 случаи на КОВИД-19.

Утре „наполитанците“ ќе направат уште еден тест за да откријат дали дербито со Јувентус ќе се одржи на крајот на оваа недела.

Џенова имаше двајца заразени играчи со КОВИД-19 – Матијас Перин и Ласе Шоне пред мечот со Наполи, кој „грифоните“ го загубија катастрофално со 0:6. Но, тестовите спроведени во понеделникот наутро покажаа дека има уште 12 позитивни, од кои осум или девет беа откриени кај фудбалери.

Сега се наоѓаат во карантин и голема е веројатноста нивниот натпревар со Торино да се одложи викендов.

Сè уште не е потврдено, но според прелиминарните информации, шест од заразените играчи на Џенова играле против Наполи.

Таг
Back to top button
Close
Close