0_Спорт.ПорталФудбал

Наполи не смее да оди во Торино, натпреварот со Јувентус ќе биде одложен

Здравствената служба на градот Неапол, му забрани на Наполи да лета за Торино за мечот од 3. коло во Серија А против Јувентус, објави на својата веб-страницата новинарот Џанлука ди Марцио.

Неапол, 3 октомври 2020 (МИА) – Здравствената служба на градот Неапол, му забрани на Наполи да лета за Торино за мечот од 3. коло во Серија А против Јувентус, објави на својата веб-страницата новинарот Џанлука ди Марцио.

Забележано е дека службата за безбедност ги блокираше играчите на клубот на аеродромот.

Причината беше избувнувањето на коронавирусот во тимот. Претходно стана познато дека двајца фудбалери и еден вработен во „Наполитанците“ имаа позитивни тестови на коронавирус.

Најверојатно натпреварот ќе биде презакажан за друг термин. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close