Дописници МКДОпштински вести

Наплатата од даноци на имот со најмногу приход за општина Делчево

Наплатата од даноци на имот со најмногу приход за општина Делчево. Ова беше истакнато на 50-тата седница на делчевскиот Совет на кој советниците го усвоија кварталниот извештај за четвртиот квартал од минатата година. Согласно со образложението дадено од раководителот на Секторот за финансии и буџет, Шабан Багашов, извршувањето на приходите во Буџетот на Општина Делчево за четвртиот квартал од 2020 година, изнесува 87,5 проценти, односно од вкупно планираните 302 милиони денари приходи за четвртот квартал се реализирани 265 милиони денари.   

Делчево, 27 февруари 2021 (МИА) – Наплатата од даноци на имот со најмногу приход за општина Делчево. Ова беше истакнато на 50-тата седница на делчевскиот Совет на кој советниците го усвоија кварталниот извештај за четвртиот квартал од минатата година. Согласно со образложението дадено од раководителот на Секторот за финансии и буџет, Шабан Багашов, извршувањето на приходите во Буџетот на Општина Делчево за четвртиот квартал од 2020 година, изнесува 87,5 проценти, односно од вкупно планираните 302 милиони денари приходи за четвртот квартал се реализирани 265 милиони денари.
-Од нив, во основниот буџет, од планирани 78,6 милиони денари се реализирани 72 милиони денари или 91,6 провенти. Во буџетот на дотации од планирани 173,5 милиони денари приходи реализирани се 160 милиони или 92 проценти, во буџетот на донации од планирани 6,9 милиони реализирани се 5,7 милиони денари или 83,4 проценти и во буџетот на самофинансирачки активности од планирани 16,3 милиони реализирани се 6,4 милиони денари, или 33,4 проценти, рече Багашов.
Според Багашов анализата на основниот буџет покажува дека даночните приходи се наплатени во износ од 35,1 милион денари од вкупно планирани 34,3 милиони денари или 102 проценти, што покажува дека најголема наплата општината има од наплатата од даноци на имот.
-Во однос на капиталните приходи тие се наплатени во износ од 4,4 милиони денари од вкупно планирани или 108 проценти. Трансферите од донации се реализирани во износ од 198 милиони денари од вкупно планираните 223,6 милиони денари или 88,5 проценти и тука спаѓаат средствата добиени по основ на дотации на општината од приходи од ДДВ, додаде Багашов.
Вкупните расходи за минатата година, како што додаде Багашов на седницата биле планирани во износ од 302,1 милион денари, од кои реализирани се 263,1 милион денари или 87 проценти. Капиталните расходи се реализирани во износ од 27,3 милион денари од планираните 31 милион денари и најголем дел од нив се исплатени за реконструкција на улици и патишта, изградба на капела, за изготвување проекти за изградба или реконструкција на улици и патишта и надомест за одземен имот. вс/

Back to top button
Close
Close