Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Напаѓачу пукаа во наргиле-бар во Штутгарт

Неидентификувани напаѓачи пукале кон прозорците на наргиле-бар во Штутгарт, јави ДПА, повикувајќи се на полициски портпарол. Во инцидентот нема жртви.

Штутгарт, 23 февруари 2020 (МИА) – Неидентификувани напаѓачи пукале кон прозорците на наргиле-бар  во Штутгарт, јави ДПА, повикувајќи се на полициски портпарол. Во инцидентот нема жртви.

Вработен во барот ги  забележал штетите вчера попладне. Според истрагата, во тоа време немало луѓе во зградата. Сторителот или сторителите пукале вкупно во два прозорци во зградата, во која има и фитнес салон.

Не е познато какво оружје е користено. Пред само неколку дена во градот Ханау, 43-годишен Германец застрела 9 лица со странско потекло, напаѓајќи баровите, каде што се користи наргиле, потсетува ДПА. Тој подоцна ја уби својата мајка и се самоуби. За него се смета дека дејствувал со расистички мотиви. зш/

Back to top button
Close
Close