0_Спорт.ПорталФудбал

Напаѓачите на Реал без постигнат гол на пет последователни натпревари

Фудбалерите од офанзивниот ред на Реал Мадрид, се немаат запишано во листата на стрелци пет натпревари во низа.

Мадрид, 27 јануари 2020 (МИА) – Фудбалерите од офанзивниот ред на Реал Мадрид, се немаат запишано во листата на стрелци пет натпревари во низа.

Реал Мадрид синоќа го совлада Ваљадолид со 1:0 со голот на одбранбениот играч Начо.

Така, ниту еден од последните шест гола на мадридскиот клуб не го постигна напаѓач. Погодија, играчот од средниот ред Касемиро (двапати), дефанзивецот Рафаел Варан (двапати) и играчот од средниот ред Лука Модриќ и Начо. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close