0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Напаѓач на Зенит храни 50 семејства во Аргентина

Дваесет и седум годишниот Ригони, која играше за Сампдорија, Аталанта и Индепендиенте, купи 50 пакувања со храна што се состојат од долгорочни производи - јајца, ориз, шеќер, брашно, житарки, конзервирана храна, бисквити, грав, леќа и растително масло. Помошта е за семејства поврзани со детскиот клуб Бочас Спорт, каде Ригони играше како дете.

Санкт Петерсбург, 27 април 2020 (МИА) – Аргентинскиот напаѓач на Зенит, Емилијано Ригони, поддржува 50 семејства во неговиот роден град Колонија Кароја, се вели во официјалната веб-страница на клубот.

Дваесет и седум годишниот Ригони, која играше за Сампдорија, Аталанта и Индепендиенте, купи 50 пакувања со храна што се состојат од долгорочни производи – јајца, ориз, шеќер, брашно, житарки, конзервирана храна, бисквити, грав, леќа и растително масло. Помошта е за семејства поврзани со детскиот клуб Бочас Спорт, каде Ригони играше како дете.

– Почнав да играм фудбал во Бочас Спорт, каде се сретнав со пријатели кои се со мене до денес. Поминав одлични години таму, затоа сум среќен што помогнав. Тоа е скромен клуб што минува низ тешки времиња и јас ги поддржував семејствата поврзани со него – претежно со деца кои играат во фудбалската школа во Бочас, објасни Ригони, кој исто така има два натпревари за репрезентацијата на Аргентина.

Таг
Back to top button
Close
Close