0_Магазин.ПорталСцена

Наоми Кемпбел доби милионска тужба од поранешното момче

Богатството на англиската манекенка се проценува на 60 милиони долари. Во судските документи, Доронин тврди дека британската милионерка му должи вкупно три милиони долари од времето кога тие двајца биле во врска.

Vladislav Doronin 2014.jpgЛондон, 7 септември 2020 (МИА) – Супермоделката и глумица Наоми Кемпбел доби тужба од своето поранешно момче, рускиот милијардер Владислав Доронин.

Богатството на англиската манекенка се проценува на 60 милиони долари. Во судските документи, Доронин (57) тврди дека таа му должи вкупно три милиони долари од времето кога тие двајца биле во врска.

Пред неколку години британската милионерка, која е на самиот праг на шестото десетлетие од животот, беше осудена за четири случаи на физички напад, кои се случиле меѓу 1998 и 2015 година.

Кемпбел и Доронин беа во врска од 2008 до 2013 година.

Рускиот бизнисмен денес е во врска со својата сонародничка, манекенката Кристина Романова. си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close