Дописници МКДОпштество

Наместо ноќни трки, панел дискусија и симболично трчање на „Струмица опен фестивал“

Ноќните трки, кои се одржуваа во изминативе две години во рамки на „Струмица опен фестивал“, годинава се заменети со панел дискусија и симболично трчање низ Градскиот парк во Струмица.

Струмица, 23 август 2020 (МИА) – Ноќните трки, кои се одржуваа во изминативе две години во рамки на „Струмица опен фестивал“, годинава се заменети со панел дискусија и симболично трчање низ Градскиот парк во Струмица.

Настанот ќе се одржи вечер, а организаторот ги поканува сите љубители на трчањето, спортисти и поддржувачи на Полумаратонот „Струмица на улица“ да бидат дел од една поинаква приказна .

Во рамките на настанот предвидени е панел дискусија со Даниел Трбогазов на тема „Совети и трикови за правилно загревање и истегнување“ и д-р Александар Стојменов, кој ќе зборува за „Улогата на исхраната при достигнување на личните цели и рекорди“.

По завршувањето на двете панел дискусии и одговарање на прашања, учесниците заеднички ќе истрчаат симболичен круг во Градскиот парк со што ќе испратат порака дека желбата за продолжување на настанот и користење на улиците за спортски настани неколку часа во годината се уште трае.

Организаторот, Здружението „Културен забавен живот“, потсетува дека е задолжително носење на лична заштита, задолжително физичко растојание и дезинфекција на рацете. рт/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close