0_Web_Насловна-слајдерБизнисБизнис.ПорталБизнис.СлајдерЕкономија

Намалување на економската активност од 3,5 отсто, присутно кај сите компоненти на БДП освен јавната потрошувачка

Народната банка ја ревидира проекцијата за раст на економијата за годинава. Новата проекција е намалување на економската активност од 3,5 проценти за годинава и закрепнување во наредната година, за кога Народната банка проектира раст од 4,7 отсто, со враќање кон среднорочните прогнози од 4 отсто во 2022 година.

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Народната банка ја ревидира проекцијата за раст на економијата за годинава. Новата проекција е намалување на економската активност од 3,5 проценти за годинава и закрепнување во наредната година, за кога Народната банка проектира раст од 4,7 отсто, со враќање кон среднорочните прогнози од 4 отсто во 2022 година.

Ова го соопшти гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференција.

– Светот се соочува со една од најголемите и најтешките здравствени кризи од почетокот на 90-тите, која, за разлика од претходните, се одликува со исклучително брз степен на пренос, што неминовно бара преземање брзи и силни мерки за нејзино сузбивање, истакна гувернерката и додаде дека генерално се очекува дека здравствениот шок барем на краток рок ќе има поголеми економски ефекти, а силината на ефектите во одделните земји ќе зависи од успешноста на здравствените мерки и брзината на рестартирањето на капацитетите, здравоста на билансите на приватниот сектор за апсорбирање на шокот, како и од реакцијата на фискалната, монетарната и на финансиските политики, со цел
ублажување на ефектите.

Како што истакна, се очекува пад кај сите компоненти на БДП, освен кај јавната потрошувачка.

Кај личната потрошувачка се очекува пад од околу 4 отсто поради пад на расположливиот доход во услови на неповолен пазар на труд и пад на приватните трансфери, забавување и на кредитната поддршка, зголемена неизвесност и воздржаност, кај бруто инвестициите пад од околу 10 отсто поради помали странски, но и домашни-јавни и  приватни инвестиции, поради зголемена неизвесност и забавена кредитна подршка. Кај извозот пад од околу 17 отсто, поради намалена странска побарувачка, застој во синџирите на снабдување и домашни рестриктивни мерки и намалената лична и инвестициска побарувачка, а падот на извозот ќе доведе и до пад на увозот од околу 15 отсто.

Народната банка прави ревизија и кај инфлацијата, така што за годинава според проекцијата ќе биде околу нула во однос на претходно предвиденото од 1,5 отсто, додека за наредната година на 1,5 отсто. Претходната октомвриска проекција на централната банка беше два отсто.

Ангеловска-Бежоска не ја исклучува и можноста инфлацијата да биде под нулата, но рече дека тоа би било благо под нулата, потсетувајќи на периодот 2014-2016 година.

Според Народната банка, ризиците за проектираната патека на инфлацијата главно се поврзани со неизвесноста околу увезените цени на храната и на енергенсите.

Во 2020 година, дефицитот на тековната сметка ќе биде 3,2 отсто од БДП  со проширување во однос на октомвриските очекувања за дефицит од 1,3 отсто од БДП.

Се очекува намалување на приватните трансфери од околу 20 отсто.

– Тие изнесуваат околу 15 проценти од БДП и се значаен извор на прилив, имајќи ја предвид нивната природа тие играат значајан улога и за финансирање на домашаната побарувачка. Околу две третини се насочени кон потрошувачка, а останатиот е други цели како за штедење, инвестициии и слично, рече гувернерката. Со оглед на глобалната рецесија се очекува во глобални рамки да дојде до забавување на дознаките, а во оваа насока се и проекциите на Свтска банка според кои тие би забавиле за околу 20 поценти, односно би паднале за околу 20 проценти во однос на претходната година.

Гувернерката потенцира дека и во овој контекст се прави позначајна ревизија кај нас, која значи пад на приватните трансфери и, како што вели, НБ ги намалува и е претпзливи во тој дел околу 20 проценти, но на среден рок се очекува стабилизација на економијата и да се вратат на повисоко ниво.

За деввизните резерви соопшти дека тие се во сигурна зона, односно дека изнесуваат 3.15 милијади евра.

– Девизните резерви се  3,15 милијарди евра или имаат четиримесечна покриеност што е адекватно ниво. И покрај одредени влошувања имаме задржување на нивото на девизни резерви што е клучно за одржување на стабилноста на курсот и спроведување на стратегијата што ја имаме, истакна гувернерката на Народната банка и додаде дека тие се намалени за 113 милиони евра.

Наведе дека централната банка правела интервенции на девизниот пазар кои биле поприсутни во месец март и со одредено намалување во април, но оти има доволен капацитет и да интервенира на девизиниот пазар и да го одржи нивото на девизни резерви на соодветно ниво.

Во однос на депозитите и кредитирањето посочи дека намалената економска активност ќе има неповолни ефекти врз перформансите на компаниите и доходот на населението, а со тоа и врз потенцијалот за штедење и оти се очекува забавување на депозитниот раст на 2,3 отсто и на кредитниот на три отсто оваа година, а потоа се очекува постепено забрзување до околу осум, односно седум отсто на среден рок.

Според гувернерката, ризиците се составен дел на секоја проекција, но овој пат тие се исклучително високи и произлегуваат од надворешното окружување, но и од домашниот контекст, поради тоа  симулација на двојно подлабок пад на странската ефективна побарувачка во 2020  година, односно пад од 10 отсто (наспроти 5 отсто) би довела до подлабок пад на БДП за 2,3 п.п., споредено со основната проекција, при понагласени неповолни ефекти врз извозот и инвестициската побарувачка.

Гувернерката потенцира дека најновите проекции значат целосно редефинирање на макроекономската слика за оваа година и дека на краток рок се проценуваат неповолни ефекти во повеќе сегменти, но се очекува задржување на здравите фундаменти што ќе биде од исклучително значење во периодот на опоравување.

Порача дека Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата, како и  промените во домашните и надворешни услови, со цел соодветно прилагодување на монетарната политика и најави дека доколку се  случат поголеми отстапувања повторно ќе направат ревизија на проекциите, не би чекале во октомври.

Во одговор на новинарско прашање  рече дека се очекува намалување на странските директни инвестиции за 30 до 40 проценти и нивно опоравување наредната година и враќање на среден рок како и претходно.

За јавниот долг истакна дека според последните расположливи податоци од Министерството за финансии заклучно со првиот квартал годинава државниот долг изнесува 41,8 проценти од БДП, а вкупнот јавен долг изнесува 50,7 проценти од БДП.

– Во вакви услови неопходно е да регираат носителите на политиките и имајќи ја предвид природата на шокот  најефкективни би можеле да бидат фискалните мерки, а за да можат да се импелементираат за тоа се неопходни соодветни извори на финансирање. Ова значи дека  ние на краток рок очекуваме поекстапнзивна фискална политика која ќе дојде преку два канала намалени приходи и зголемени расходи, кои ќе бидат насочени кон импементирање на фискалните мерки. Сето ова на краток рок кај нас, како и кај сите останати, ќе значи и притисок врз нивото на јавниот долг. Прелиминиарни проценки на ММФ кои очекуваат нивото да се зголеми  во просек за околу 5 проценти, се слични со нашие проценки. Но, ова се прелиминарни проценки, подобри согледувања ќе имаме кога ќе се направи ребалансот на Буџетот, кога ќе се види кој ќе биде проценетиот буџетски дефицит затоа што тоа е една од клучните варијабили која ја дефицинира потребата од финансирање и нивото на јавен долг, истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференција. скс/са/

Back to top button
Close
Close