БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Намалено производството и продажбата на шумски производи

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2020 година е намалено за 6,5 отсто во споредба со истиот период лани. Во првите три месеци од годинава се продадени 25.416 кубни метри шумски сортименти што е намалување за 17,5  проценти во однос на лани.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2020 година е намалено за 6,5 отсто во споредба со истиот период лани. Во првите три месеци од годинава се продадени 25.416 кубни метри шумски сортименти што е намалување за 17,5  проценти во однос на лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство, пак, има кај трупците од иглолисни и листопадни видови,  другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови. вј/дма/

 

Back to top button
Close
Close