0_Web_Актуелно0_Инфопакет.Портал0_Македонија.ПорталСостојба на патиштата

Намалена видливост поради магла на некои патни правци и превојот Ѓавато

Поради појава на магла намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Велес – Катланово и на планинскиот превој Ѓавато, а до 50 метри на патниот правец Свети Николе – Куманово, соопшти ЈП Македонијапат.

Скопје, 13 јануари 2020 (МИА) – Поради појава на магла намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Велес – Катланово и на планинскиот превој Ѓавато, а до 50 метри на патниот правец Свети Николе – Куманово, соопшти ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.

Од ЈП Македонијапат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. вг/сп/

Back to top button
Close
Close