0_Македонија.ПорталОпштество

Намален водостојот на Преспанското Езеро

Водостојот на Преспанското Езеро е за еден сантиметар понизок од вчера, а кај Охридското и Дојранското е ист со вчерашниот, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА) – Водостојот на Преспанското Езеро е за еден сантиметар понизок од вчера, а кај Охридското и Дојранското е ист со вчерашниот, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, нивото на Дојранското Езеро е за речиси три метри повисоко од вообичаеното за јануари, додека кај Охридското е пониско за осум сантиметри, а кај Преспанското за 65 сантиметри.

Водостоите на сите реки во земјава се пониски од повеќегодишниот просек за овој месец со исклучок на Вардар на мерното место кај Демир Капија каде нивото е за 14 сантиметри повисоко од вообичаеното. вј/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close