Некатегоризирано

Намален бројот на железнички несреќи во ЕУ

Помеѓу 2010 и 2018 година, бројот на големи железнички несреќи во ЕУ се намали за речиси 25 отсто на 1.721 несреќа, што е за 571 помалку отколку во 2010 година, покажуваат податоците на Евростат.

Брисел, 22 јануари 2020 (МИА) – Помеѓу 2010 и 2018 година, бројот на големи железнички несреќи во ЕУ се намали за речиси 25 отсто на 1.721 несреќа, што е за 571 помалку отколку во 2010 година, покажуваат податоците на Евростат.

Според тие податоци, вкупно 885 лица загинале, а 760 се сериозно повредени во овој вид несреќа во 2018 година (не сметајќи самоубиства).

Најчестиот вид несреќа вклучува неовластени лица на шини што ги удрил воз.

Во 2018 година се пријавени 973 такви инциденти, што претставува повеќе од половина, или 57 проценти, од вкупниот број несреќи.

Втора голема категорија се несреќи на премини на ниво, односно пресеци на шини и улици, вклучително и несреќи во кои се вклучени пешаци. Со 447 несреќи, оваа категорија учествуваше со 26 проценти од вкупните несреќи во 2018 година. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close