Дописници МКДОпштество

Намален број на хоспитализирани пациенти во кумановската болница

Бројот на хоспитализирани ковид пациенти во општата болница се намалува во однос на претходните недели, информираат денеска надлежните од јавната здравствена установа во Куманово. Оттаму додаваат дека состојбата внимателно ќе се следи наредните денови и дури наредната недела ако се намалат бројките ќе се размисли за затворање на еден од трите ковид пунктови. Во моментов болнички се лекуваат 63 пациенти и 70 на дневна болница. Вчера имало 94 прегледи во амбулантата. Минатата недела бројката на прегледани се движеше од 150 до 200 прегледи.

Куманово, 7 мај 2021 (МИА) – Бројот на хоспитализирани ковид пациенти во општата болница се намалува во однос на претходните недели, информираат денеска надлежните од јавната здравствена установа во Куманово. Оттаму додаваат дека состојбата внимателно ќе се следи наредните денови и дури наредната недела ако се намалат бројките ќе се размисли за затворање на еден од трите ковид пунктови. Во моментов болнички се лекуваат 63 пациенти и 70 на дневна болница. Вчера имало 94 прегледи во амбулантата. Минатата недела бројката на прегледани се движеше од 150 до 200 прегледи.

– Кај нас подоцна почна и третиот бран за разлика од другите општини, така и побавно оди опаѓање на бројката, иако се забележува намалување на број на хоспитализации, намален број во дневна болница и намален број на прегледи. Ќе почекаме до крајот на наредната недела се надеваме дека овој тренд на опаѓање на новозаболени ќе оди и понатаму и размислуваме за затворање на одделот за неврологија и психијатрија (Ковид 2) за да може да се врати редовното работење, со термини, итни случаи, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

Менаџерскиот тим на болницата се надева дека по опаѓање на бројот на случаи и да се почне со операции и на хирургија, офталмологија, но велат дека ќе се следат бројките.

Денеска болницата доби донација-возило за транспорт на критично болни пациенти од хуманитарното здружение „И јас сум Матејче“. Директорката Захариев се заблагодари на донацијата и рече дека возилото е значајно за превоз на критичните пациенти до клиниките во Скопје, потенцирајќи дека тие имаат на располагање само две.

– Возилото е донација од болницата Базел Швајцарија, цената е 40.000 швајцарски франци, изјави Елвис Муслии, претставник од хуманитарното здружение „И јас сум Матејче“.

Општата боница ќе го доопреми возилото со опрема за реанимација. ам/ки/

Back to top button
Close
Close