0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Награди за најубаво уреден двор во Делчево

Објавени имињата на добитниците на наградите кои учествуваа на конкурсот за избор на најубаво уреден двор како дел од кампањата „За поубаво Делчево“. Како што информираше Татјана Стојковска, член на комисијата за избор, на конкурсот учествуваа 20 кандидати, а беа доделени награди во две категории.

Делчево, 20 август 2020 (МИА) – Објавени имињата на добитниците на наградите кои учествуваа на конкурсот за избор на најубаво уреден двор како дел од кампањата „За поубаво Делчево“. Како што информираше Татјана Стојковска, член на комисијата за избор, на конкурсот учествуваа 20 кандидати, а беа доделени награди во две категории.
-Општина Делчево третпат годинава организираше избор на најубав двор во општината. Пријавувањето на конкурсот траеше од 18 мај до 30 јуни и беа пријавени 10 апликанти во две категории – избор на најубав двор на физички лица и избор на најубав двор на правни лица и објекти за колективно домување. Во првата категорија беа пријавени шест апликанти, а во втората категорија три индивидуални објекти. Наградата за најдобро уреден двор кај поединците ја доби Ивана Лефковска, а во втората категорија за најубав двор на правни лица и објекти за колективно домување е изберен дворот пред зграда бр.1,  влез 1 на улица „Кеј на Брегалница“, информираше Стојковска.
Како претставник на комисијата и со поддршка на делчевскиот градоначалник, Стојковска најави дека акцијата ќе продолжи и во наредните години и ги повика делчевци да учествуваат и да се пријавуваат за избор на најубав двор.
– Како комисија бевме изненадени од креативноста и идеите кои ги имаат нашите сограѓани. Се гледаше дека за уредување на сите дворови било вложено труд и љубов. Избраните дворови импресионираа со свежина и креативност со застапена тревна површина, зимзелени дрвја и цветни содржини. Поради тоа што се очекува оваа акција да прерасне во традиционална, сметаме дека е потребно како комисија да им дадеме совет на нашите граѓани кои сакаат да се пријават на истата следната година, додаде Стојковска.
Првонаградените од  ќе добијат од Општината парична награда од 10 илјади денари, која ќе им биде доделена на свечената седница на Советот на општината во рамки на одбележувањето на Денот на градот – 7 Септември. вс/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close