0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Награди за 11 ученици од Кочани на светскиот натпревар во знаење „Бреин-о-бреин“

Сите 11 ученици од Кочани кои учествуваа на светскиот натпревар во знаење и вештини „Бреин-о-бреин“ покажаа одлична подготвеност и освоија награди - две титули шампион, седум златни и два сребрени медала.

Кочани, 1 март 2021 (МИА) – Сите 11 ученици од Кочани кои учествуваа на светскиот натпревар во знаење и вештини „Бреин-о-бреин“ покажаа одлична подготвеност и освоија награди – две титули шампион, седум златни и два сребрени медала.

Во огромна конкуренција, учениците од Центарот за едукација и интелектуелен развој „Кликер“ од Кочани, кои се натпреваруваа во 37 категории, покажаа дека се меѓу најдобрите во светот.

-Поради состојбата со пандемијата натпреварот се одржа онлајн, а учествуваа 25 илјади деца од 45 земји во светот. Нашата држава ја претставуваа околу двесте деца од бреин-о-бреин центрите во 10 градови. Успехот што го постигнавме се должи на вложениот труд и упорната работа на децата, како и на несебичната и професионалната посветеност на тренерите и поддршката од родителите, истакна Благица Пендевска, едукатор во центарот „Кликер“.

Едукативната програма „Бреин-о-бреин“ е намената за деца на возраст од 4 до 14 години  кои преку неа имаат можност да стекнуваат и да ги потврдуваат своите способности за учење, концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација и решавање проблеми.

Оваа програма во Кочани се реализира од март 2012 година, а постојаниот пораст на бројот на ученици и големиот интерес за едукација се потврда дека таа им овозможува успешно да ги развиваат своите вештини. та/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close