Дописници МКДОпштество

Наградени најверните читатели на битолската Библиотека

Никола Ицоски е најмладиот читател со најмногу изнајмени книги, а Жанета Тошевска е најверниот бозрасен читател со најмногу изнајмени книги во минатата година во Битола.

Битола, 5 февруари 2021 (МИА)Никола Ицоски е најмладиот читател со најмногу изнајмени книги, а Жанета Тошевска е најверниот бозрасен читател со најмногу изнајмени книги во минатата година во Битола.

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола соопшти дека наградени се и Марија Јоновска како најверен читател меѓу основците, а Ивона Бејковска меѓу средношколците која изнајмила книга од библиотеката.

-Битолчани и во овие услови на пандемија дел од своето слободно време го искористија дружејќи се со книгите од нашата библиотека. Иако ланската година неколку месеци нашата библиотека не работеше, битолчани тоа го надоместија со зголемување на бројот на нови читатели и со изнајмување на книги во двата оддели. Само ланската година од нашата библиотека беа изнајмени над 30.000 книги од сите жанрови. Читателите од секоја категорија се дружеа со жанрот кој нив најмногу им одговара, а ние се потрудивме да ги задоволиме и најпребирливите. Но, секоја посета на нашата библиотека не останува незабележана и затоа и оваа година ги наградивме најредовните читатели, соопштија од таа национална установа.

Според востановената традиција посебни награди доделени се на возрасните читатели Розитка Тодоровска, Слободанка Ристевска, Споменка Илиевска, Сане Момчилов, Славица Тромбева и Белинда Сипкоска Гаштарова. мт/ки

Back to top button
Close
Close