0_Спорт.ПорталФудбал

Нагелсман во Баерн ќе добива осум милиони евра годишно, на Лајпциг ќе му бидат исплатени 20 милиони

Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман во иднина ќе го предводи Баерн Минхен. Клубот од Минхен ги договорил условите на договорот со 33-годишниот фудбалски стручњак, објави новинарот на „Спорт1“, Патрик Бергер.

Лајпциг, 26 април 2021 (МИА) – Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман во иднина ќе го предводи Баерн Минхен. Клубот од Минхен ги договорил условите на договорот со 33-годишниот фудбалски стручњак, објави новинарот на „Спорт1“, Патрик Бергер.

Мануел Бонке, новинар на минхенскиот весник „Минхнер Меркур“, тврди дека со Нагелсман ќе биде потпишан долгорочен договор со плата од осум милиони евра годишно.

Баерн Минхен ќе го обесштети Лајпциг во износ од 20 милиони евра за трансфер на тренерот.

Најпрвин, Баварците планираат да го раскинат договорот со Ханс-Дитер Флик, а потоа да го најават доаѓањето на Нагелсман. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close