0_Спорт.ПорталФудбал

Нагелсман пред две години го одбил Реал, ако го повикаат повторно ќе ја прифати поканата

Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман изјави дека во 2019 година можел да го предводи Реал Мадрид.

Мадрид, 5 март 2021 (МИА) – Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман изјави дека во 2019 година можел да го предводи Реал Мадрид.

– Се обидувам да размислувам за секој чекор што го правам во мојата кариера. Важно е да имате план. Реал Мадрид ме контактираше, сакаше да ги знае моите идеи. Но, ја направив вистинската работа продолжувајќи ја кариерата во Германија. Реал Мадрид е еден од најголемите клубови во Европа. Ако повторно ми се јават, одговорот ќе биде поинаков. Но, пред две години не бев подготвен, немав време да го научам јазикот, немав доволно искуство, изјави Нагелсман за „Sport.es“.

На крајот на февруари годинава беше објавено дека 33-годишниот специјалист може да го предводи Тотенхем.

По 23 одиграни кола во германскиот шампионат, Лајпциг се наоѓа на 2. место со два бода помалку од водечкиот Баерн Минхен. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close