0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Нагелсман може да стане нов тренер на Тотенхем

Главниот тренер на Лајпциг, Јулијан Нагелсман може да стане нов предводник на Тотенхем, објави „Дејли мејл“.

Лондон, 20 април 2021 (МИА) – Главниот тренер на Лајпциг, Јулијан Нагелсман може да стане нов предводник на Тотенхем, објави „Дејли мејл“.

Според британскиот медиум, Спарс веќе разговарале со 33-годишен германски фудбалски стручњак.

Лајпциг е подготвен да го пушти својот тренер, но лондонци ќе треба да платат обесштетување на бундеслигашот во висина од 14 милиони долари.

Вчера Тотенхем го разреши Жозе Мурињо од тренерската функција.

По 32 одиграни кола во Премиер лигата, Тотенхем е седми со 50 освоени бодови. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close