0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Нагелсман може да го замени Гвардиола во Манчестер сити

Главниот тренер на Лајпциг, Јулијан Нагелсман може да го предводи Манчестер сити, пренесува „Daily Mail“.

Лондон, 26 октомври 2020 (МИА) – Главниот тренер на Лајпциг, Јулијан Нагелсман може да го предводи Манчестер сити, пренесува „Daily Mail“.

Според изворот, 33-годишниот Германец може да го замени Пеп Гвардиола ако Шпанецот одбие да го продолжи договорот со „граѓаните“.

Друг кандидат за тренерската позиција во Сити е поранешниот предводник на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Нагелсман го предводи Лајпциг од летото 2019 година. По пет кола, тимот води во Бундеслигата со 13 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close