0_Спорт.ПорталФудбал

Нагелсман: Баерн во новата сезона ќе атакува на сите можни титули

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман зборуваше за целите на клубот од Минхен за новата сезона.

Минхен, 14 јули 2021 (МИА) – Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман зборуваше за целите на клубот од Минхен за новата сезона.

– Ќе се обидеме да ја освоиме десеттата титула по ред и да постигнеме максимален успех во Лигата на шампионите и Купот на Германија. Ние сакаме да ги освоиме сите титули што можат да се освојат, изјави Нагелсман за „Билд“.

Триесет и тригодишниот тренер минатата сезона работеше со Лајпциг. Во Баерн го замени Ханс-Дитер Флик, кој ќе седне на селекторското место во германската репрезентација. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close