СветСвет.Портал

Наезда на скакулци во Кенија

Наезда на скакулци ја погоди Кенија, најголема во последните 70 години, а милијардите инсекти нанесуваат огромна штета на делови од таа африканска земја.

Најроби, 2 февруари 2020 (МИА) – Наезда на скакулци ја погоди Кенија, најголема во последните 70 години, а милијардите инсекти нанесуваат огромна штета на делови од таа африканска земја.

Мали авиони кои летаат ниско над загрозените области фрлаат пестициди во обид да ги уништат и да спречат ширење на скакулците во соседните земји Уганда и Јужен Судан.

Обединетите нации соопштија дека веднаш се потребни 76 милиони долари за да се спречи неконтролирана наезда од овие инсекти во источна Африка.

Во некои региони приносите се уништени и на милиони луѓе им се заканува глад.

Наезда од овие инсекти ги зафатија и Џибути, Еритреја, Сомалија и Етиопија. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close