0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Надлежните подготвено ја дочекаа новата снежна покривка во Делчево

Новите снежни врнежи кои синоќа по полноќ ги затрупаа градските улици во Делчево, од утрово со брза акција се расчистуваат од екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница" кое е надлежно за расчистување на снегот на дел од јавните површини. Од претпријатието информираат дека од утрово најпрвин се чистат тротоарите во близина на училиштата и останатиот јавен простор.

Делчево, 6 февруари 2020 ( МИА) – Новите снежни врнежи кои синоќа по полноќ ги затрупаа градските улици во Делчево, од утрово со брза акција се расчистуваат од екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница” кое е надлежно за расчистување на снегот на дел од јавните површини. Од претпријатието информираат дека од утрово најпрвин се чистат тротоарите во близина на училиштата и останатиот јавен простор.

-Согласно Годишната програма за одржување на јавната чистота во Општина Делчево, ЈКП Брегалница подготвено ги дочека снежните врнежи. Уште во раните утрински часови екипи од претпријатието излегоа со соодветната механизација не терен со цел овозможување на непречено одвивање на пешачкиот и возниот сообраќај пред јавните установи и објекти во градот, информираа од претпријатието.
Како што додадоа, согласно претходно склучен договор со Царинската управа на РСМ, екипи на претпријатието имаат должност континуирано да ги чистат наноси од снег на просторот кај граничниот премин Делчево.
Снегот кој паѓаше непрекинато во текот на целата ноќ создаде покривка од 10 сантиметри во градот, додека на повисоките места истата е околу 20 сантиметри. вс/бк/

Back to top button
Close
Close