Дописници МКДОпштински вести

Надлежните институции ги чекаат резултатите од брисевите и мострите од кумановската градинка „Ангел Шајче“ (ДПЛ)

Уште 13 деца од градинката „Ангел Шајче“ побарале помош и се пожалиле на симптоми слични на труење на храна на детското одделение во кумановската болница, а уште две деца се примени на лекување, соопштија денеска надлежните од болницата. Надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје и од градинката ги очекуваат резултатите од земените брисеви и мостри.

Куманово, 11 мај 2021 (МИА) – Уште 13 деца од градинката „Ангел Шајче“ побарале помош и се пожалиле на симптоми слични на труење на храна на детското одделение во кумановската болница, а уште две деца се примени на лекување, соопштија денеска надлежните од болницата. Надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје и од градинката ги очекуваат резултатите од земените брисеви и мостри.

-Генерално здравствената состојба на децата се подобрува. Немаме деца што се во тешка состојба, освен пет што беа малку повеќе дехидрирани во разлика со другите деца, што се на домашно лекување тие се на болничко лекување, но се подобри, вели началникот на детското одделение, Агрон Сулејмани.

Лекарите од детското одделение од општата болница велат дека има и деца кои не одат во градинка и кои се јавуваат со слични симптоми.

Вчера, по извршениот вонреден надзор на надлежните институции беше затворена кујната на градинката „Ангел Шајче“ каде се подготвуваше храна за три објекти „Пчелка“, „Синоличка“ и „Кокиче“.

Покрај, забраната за работа на главната кујна, ДСЗИ издаде решение со кое им се наложува и преземање на противепидемиски мерки со кое се наредува, забрана за користење на останатите две чајни кујни во клоновите каде се дистрибуирала храна од кујната, забрана за користење на занималните во сите три клона каде престојувале деца со симптоми на труење со храна, темелно механичко чистење на кујната и останатите простории забранети за употреба, вршење на вонредна дезинфекција од овластена служба, вршење на вонредни здравствени прегледи на вработените во кујната.

– Наведените простории ќе бидат затворени сѐ до добивање на негативни резултати од земените брисеви, наведуваат од ДСЗИ. ам/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close