0_Спорт.ПорталТенис

Надал за однесувањето на Ѓоковиќ: Кога сте пример за многу деца, не е добра слика да го фрлате рекетот

Дваесеткратниот освојувач на Грен слем трофеи, Рафаел Надал го критикуваше Новак Ѓоковиќ за однесувањето на Олимпијадата во Токио.

Мадрид, 2 август 2021 (МИА) – Дваесеткратниот освојувач на Грен слем трофеи, Рафаел Надал го критикуваше Новак Ѓоковиќ за однесувањето на Олимпијадата во Токио.

Србинот го фрли својот рекет на трибините во мечот за бронзата.

– За среќа, немаше никој таму и ништо не се случи. Но, овие работи се случуваат понекогаш. Се разбира, треба да се обидете да ги избегнете. Ова не е добро за сликата, и подобро е да избегнувате такви ситуации – особено кога сте пример за многу деца. Малку е чудно да се види како успешен играч понекогаш реагира на овој начин, истакна Надал.

Шпанскиот тенисер одлучи да ги пропушти Олимписките игри, а Ѓоковиќ пред Токио 2020 изјави дека најдобрите тенисери ќе бидат присутни на најголемиот светски спортски настан. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close