0_Спорт.ПорталТенис

Надал за мечевите без гледачи: Не ми се допаѓа, ништо не може да ја замени енергијата што ја создава публиката

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се произнесе за условите под кои ќе се игра Грен слемот „Ролан Гарос“ оваа есен.

Мадрид, 1 јуни 2020 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се произнесе за условите под кои ќе се игра Грен слемот „Ролан Гарос“ оваа есен.

– Денес мора да преземеме мерки на претпазливост и да сториме сé за да ја обезбедиме безбедноста и здравјето на целата тениска заедница. Мислам дека за иднината, не од гледна точка на тенисот, туку од гледна точка на медицината и строго почитување на санитарните стандарди во ред е да нема публика. Во фудбалот, оваа практика е веќе воведена, но не сакам да гледам натпревари без гледачи. Без навивачите, сè е различно и ништо не може да ја замени енергијата што ја создаваат тие, изјави Надал.

Шпанецот е 19-кратен освојувач на Грен-слем турнирите. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close