0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Надал со сензационално откритие за легендарен натпревар со Федерер

Тој ја прекина серијата од 5 последователни триумфи на Швајцарецот откако победи по 4 часа и 48 минути игра со 6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 9:7. 34-годишниот Шпанец изјави за „Мовистар +“ дека поради силна болка во нозете морал да игра финале против Федерер под инјекција.

Лондон, 3 јули 2020 (МИА) – 19-кратниот освојувач на Гренд Слем титули, Рафаел Надал направи сензационално откритие за легендарното финале на Вимблдон во 2008 година, кога го победи Роџер Федерер по епска битка и го освои трофејот на „светата трева“ за прв пат во својата кариера.

Тој ја прекина серијата од 5 последователни триумфи на Швајцарецот откако победи по 4 часа и 48 минути игра со 6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 9:7. 34-годишниот Шпанец изјави за „Мовистар +“ дека поради силна болка во нозете морал да игра финале против Федерер под инјекција.

– Никогаш порано не сум разговарал за тоа, но во овој меч играв под инјекција.. И не само во него, туку и на неколку претходни мечеви. Прекинот поради дождот ги искомплицира работите, затоа што инјекцијата функционира некое време, а без тоа не можев. Морав да ми ставаат инјекции затоа што без нив едноставно не можев да издржам. Пред финалето скоро и да не тренирав затоа што не можев да стојам на нозе. Бев многу нервозен поради инјекцијата бидејќи не знаев колку долго ќе функционира, рече Надал, кој има 2 титули на „Вимблдон“.

Таг
Back to top button
Close
Close