0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Надал пред сезоната на земјени терени: Ја завршив вистинската работа за да се подготвам, среќен сум со начинот на кој играм сега

Победникот на 60 АТП турнири на земјена подлога, Рафаел Надал ја коментираше неговата состојба пред Мастерсот во Монте Карло, кој го освои 11 пати.

Монте Карло, 12 април 2021 (МИА) – Победникот на 60 АТП турнири на земјена подлога, Рафаел Надал ја коментираше неговата состојба пред Мастерсот во Монте Карло, кој го освои 11 пати.

– Сè е добро, уверен сум, играм добро. Тренирав добро во Монте Карло последните неколку дена. Мислам дека сум подготвен. Точно дека не играв многу во последно време. Но, во минатото бев успешен во такви ситуации. Расположението ми е секогаш исто – само се обидувам да бидам подготвен. Обожавам да играм на земја, сакам да играм во Монте Карло, Барселона, Мадрид, Рим, на Ролан Гарос. Јас ги сакам овие турнири. Сега имам можност да играм на места кои многу добро ги познавам, а во кои секогаш сум настапувал добро. За мене започнува важен сегмент од сезоната. Според мене, направив вистинска работа за да се подготвам за тоа. Сега сум во добра физичка форма и сум среќен што ќе настапам во Монако. Секој знае дека ова е еден од моите омилени турнири, потенцира Надал.

Надал е трет фаворит за трофејот на Мастерсот во Монте Карло. Во првото коло тој ќе биде слободен, а за противник во 1/16финалето ќе го има победникот од мечот Федерико Делбонис – Адриан Манарино. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close