0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Надал незадоволен од однесувањето на српските навивачи

Србија го освои АТП Купот со победа од 2:1 над Шпанија, откако прво Роберто Баутиста Агут го совлада Душан Лајовиќ, потоа во големиот судир Ноле го совлада Рафа, а во решавачкиот натпревар, светскиот рекет број два и Виктор Троицки ги совладаа Фелисијано Лопез и Пабло Карењо Буста во двојки.

Сиднеј, 13 јануари 2020 (МИА) – Рафаел Надал не беше задоволен од односот на некои српски навивачи за време на неговиот натпревар против Новак Ѓоковиќ во финалната серија на АТП Купот меѓу Шпанија и Србија. Освојувачот на 19 Гренд-слем титули објасни дека скандирањето од страна на навивачите на некои поени не личело на оние не на тениски натпревар, туку на фудбалски натпревар.

Србија го освои АТП Купот со победа од 2:1 над Шпанија, откако прво Роберто Баутиста Агут го совлада Душан Лајовиќ, потоа во големиот судир Ноле го совлада Рафа, а во решавачкиот натпревар, светскиот рекет број два и Виктор Троицки ги совладаа Фелисијано Лопез и Пабло Карењо Буста во двојки.

– Понекогаш има луѓе од одредени земји кои не знаат точно како се случуваат работите во тенисот. Мислеа дека тоа е фудбал. Атмосферата во тенисот е различна. Имаше периоди на натпреварот во кој мала група од публиката не покажа почит, рече Надал.

Таг
Back to top button
Close
Close