0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Надал го потврди учеството на турнирот во Рим

Вториот рекет на светот, Рафаел Надал, најави дека ќе настапи на Мастерсот во Рим. Ова ќе биде прв турнир за него во последните седум месеци.

Рим, 9 септември 2020 (МИА) – Вториот рекет на светот, Рафаел Надал, најави дека ќе настапи на Мастерсот во Рим. Ова ќе биде прв турнир за него во последните седум месеци.

Претходно, Шпанецот изјави дека може да ги прескокне сите натпреварувања до крајот на 2020 година.

– Форо Италико отсекогаш беше важно место за мене. Но, оваа година турнирот ќе биде од особено значење за мене затоа што ќе се вратам на натпреварувањето по долга пауза, рече Надал во обраќањето прикажано на презентацијата на натпреварувањето во Италија.

Мастерсот во Рим ќе се одржи следната седмица. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close