Svet.SlajderСветСвет.Портал

Над 75 отсто од фирмите во Кина продолжија со работа

Повеќе од 75 проценти од клучните кинески компании во надворешно-трговскиот сектор го продолжија работењето откако епидемиолошката состојба во земјата се подобри, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија Лиу Чанџу на денешниот брифинг за новинарите.

Пекинг, 2 април 2020 (МИА) – Повеќе од 75 проценти од клучните кинески компании во надворешно-трговскиот сектор го продолжија работењето откако епидемиолошката состојба во земјата се подобри, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија Лиу Чанџу на денешниот брифинг за новинарите.

– Ситуацијата во врска со обновата на надворешно-трговските компании покажува позитивен тренд. Од 30 март годинава, 75,6 проценти од најголемите надворешно-трговски компании започнаа со работа, а нивото на искористеност на нивните капацитети е над 70 проценти, прецизираше портпаролот на кинеското Министерство за трговија. ссм/

 

Back to top button
Close
Close