Дописници МКДОпштински вести

Над 7.000 граѓани вакцинирани во штипскиот регионален пункт

Во регионалниот пункт во салата „Јордан Мијалков“ во Штип досега се имунизирани над 7.000 граѓани. Само до 12 часот денеска се аплицирани 600 вакцини на кинеската „Синофарм“.

Штип, 12 мај 2021 (МИА) – Во регионалниот пункт во салата „Јордан Мијалков“ во Штип досега се имунизирани над 7.000 граѓани. Само до 12 часот денеска се аплицирани 600 вакцини на кинеската „Синофарм“.

Лекарката на регионалниот пункт во Штип, Дијана Коцева Миланова за МИА изјави дека од отворањето на пунктот, но и при имунизацијата на населението во пунктовите на здравствените домови во општините од штипскиот и струмичкиот регион над 10.000 граѓани примиле вакцина.

-Во нашиот пункт досега се пристигнати околу 14.500 вакцини, од кои дел се дистрибуирани и на здравствените домови во штипскиот и струмичкиот регион. Во моментов се имунизираат граѓаните над 60 години, кои имаат добиено порака од „Мој Термин“ и се пријавиле на апликацијата на Министерството за здравство. Покрај вработените од штипските основни и средни училишта, од денеска се имунизираат и вработените во училиштата во Пробиштип, а од утре ќе ги вакцинираме и од Кочани, вели Коцева-Миланова.

Таа додаде дека на пунктот се примаат и лицата со хронични болести, како и вработените во останатата критична инфраструктура. Планирано е и денеска да се аплицираат над 1.500 вакцини. Во текот на денот телефонски се јавувале и граѓани над 55 години, кои имаат изразено интерес за вакцинација на апликацијата и како што вели ги информирале дека добиле порака да се имунизираат во петок, со што старосната граница почнува да се спушта. вдј/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close