Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Над 16 илјади починати од Ковид-19 во Русија

Бројот на починати од Ковид-19 во Русија надмина 16.000, откако во последните 24 часа беа регистрирани уште 110 смртни случаи, објави денеска кризниот центар за борба против коронавирусот.

Москва, 20 август 2020 (МИА) – Бројот на починати од Ковид-19 во Русија надмина 16.000, откако во последните 24 часа беа регистрирани уште 110 смртни случаи, објави денеска кризниот центар за борба против коронавирусот.

Станува збор за мало намалување на бројот на починати во однос на претходниот ден, кога беа регистрирани 117 смртни случаи. Вкупно 16.099 луѓе починале од коронавирус во Русија досега, пренесува ТАСС.

Русија регистрираше 4.785 случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени изнесува 942.106, соопшти Кризниот центар. Според нивните податоци, дневната стапка на раст не надминувала 0,5 проценти веќе петти ден по ред.

Русија е на четвртото место во светот по бројот на заразени со вирусот, по САД, Бразил и Индија. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close