0_Спорт.ПорталДописници МКДОпштински вестиОстанато

Национално атлетско првенство во Охрид

Македонските атлетичари денеска во Охрид ќе се натпреваруваат за учество на Балканско првенство за сениори и сениорки што на 19 и 20 овој месец ќе се одржи во Романија.

Охрид, 6 септември 2020 (МИА) – Македонските атлетичари денеска во Охрид ќе се натпреваруваат за учество на Балканско првенство за сениори и сениорки што на 19 и 20 овој месец ќе се одржи во Романија.

На Националното атлетско првенство за сениори и сениорки во организација на Атлетската федерација на Република Македонија што ќе се одржува на СРЦ „Билјанини Извори“ од 14 часот ќе настапат најдобрите атлетичари од земјата во неколку дисциплини.

Во машка конкуренција ќе се одржат натпреватрите во трчање на сто, 400, 1.500 и 5.000 метри, како и скок во далечина и височина и фрлање ѓуле, копје и диск. Во женска конкуренција ќе се трча на сто и 400 метри со пречки, 100, 400, 1.500 и 5.000 метри, скокови во далечина и височина, трискок и фрлање ѓуле, копје и диск. аб/цр

Back to top button
Close
Close