0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Националните фудбалски федерации бараат одложување на Евро 2020, претседателот на УЕФА Чеферин против

Фудбалските федерации на неколку земји побараа од УЕФА да го одложи Европското фудбалско првенство 2020, објави италијанското издание на „Тутоспорт“.

Рим, 10 март 2020 (МИА) – Фудбалските федерации на неколку земји побараа од УЕФА да го одложи Европското фудбалско првенство 2020, објави италијанското издание на „Тутоспорт“.

Причина за ваквото барање е ситуацијата со коронавирус. Федерациите се надеваат дека ќе имаат можност да ги комплетираат национални првенства, на кои им се заканува прекин. Се наведува дека една од можните опции е да се одложи ЕП за следната година.

Во исто време, се посочува дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, е против оваа идеја. Тој се надева дека ќе постојат услови за одржување на Евро 2020 во предвидениот термин, од 12 јуни до 12 јули. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close