0_Македонија.ПорталКултураКултура.Портал

Националната галерија потпиша меморандум за соработка со ПОУ „ Иднина“- Скопје 

Националната галерија на Република Северна Македонија потпиша меморандум за соработка со Посебното основно училиште „ Иднина“- Скопје,  наменет за едукација на ранливите групи од претшколска и школска возраст.

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Националната галерија на Република Северна Македонија потпиша меморандум за соработка со Посебното основно училиште „ Иднина“- Скопје,  наменет за едукација на ранливите групи од претшколска и школска возраст.

– Националната галерија на Република Северна Македонија години наназад несебично ја искажува својата општествена одговорност со подавање на рака на тие што се во потреба. Единствена институција од областа на музејско-галериската дејност која со години наназад, преку едукативен пристап таргетира и анимира деца од ранливите групи, со различен спектар на попреченост во синергија со ученици од редовниот курикулум. Овие културолошко-социјални и инклузивни пректи се дел од Програмата на Националната галерија и во целост се поддржани од Министерството за култура. Исто така, имавме чест и задоволство во изминатиот период (2017-2019), токму нам да ни биде доделен грант од Амбасадата на Кралството Холандија наменет за едукација на ранливите групи од претшколска и школска возраст, информираат од Националната галерија.

Директорката на Националната галерија Дрита Старова Ќерими истакнала дека низ годините наназад оствариле соработка со невладиниот сектор, со повеќе училишта кои згрижуваат, воспитуваат и образуваат деца со пречки во развојот.

– Учениците од Посебното училиште „Иднина“ се редовни учесници во креативните работилници во организација на нашата институција и се едни од најкреативните млади уметници. Со потпишување на меморандумот подготвени сме да дадеме целосна подршка, продолжуваме со нови пректи се со една цел, поттикнување и развојот на креативноста како алатка за интелектуален и психо-физички развој и напредок. Оваа година ќе го поддржиме нивниот патронен празник и заеднички ќе ги одбележиме битните датуми во текот на годината, рече Старова Ќерими.

Претставниците од училиштето, покрај благодарноста, порачаа дека досегашното искуство со Националната галерија препознава единствена поддршка на институционално ниво, позитивен пример кој не треба да биде единствен и изолиран.фф/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close